Техничка структура
Македонска аикидо федерација - Аикикаи Македонија е организација која е официјално признаена од Аикикаи Хомбу. Нејзината структура на техничко ниво, според својот Статут, се базира на меѓусебно почитување и слобода на избор во однос на техничкото раководство, се разбира, сè додека е признаено од Аикикаи Хомбу. Во тој поглед, постојат две линии на техничко влијание во моментов. Една група на клубови е технички надгледувана од шиханот Микеле Кваранта, а другата е надгледувана од шиханот Урбан Алденклинт. Двете групи имаат различни програми за подучување и испити, но се состануваат за полагање на испит за степен, семинари и други активности. Ние цврсто веруваме дека заедништвото и здружувањето се основните вредности на духот на аикидото!
Ментор: Микеле Кваранта шихан, 7. Дан
ГРУПА "ИКЕДА"
Ментор: Урбан Алденклинт шихан, 7. Дан
ГРУПА "КОБАЈАШИ"
КЛУБОВИ ЧЛЕНКИ НА МАФ-АМ:
Степенување
Напредокот во аикидото се бележи со степени слично како и кај другите боречки вештини со потекло од Јапонија. Според правилата на фондацијата Аикикаи од Јапонија, степените се делат на ученички и мајсторски. Бројот на ученички степени е различен во различни државни федерации, но најчесто изнесува 6 или 5 (кои, напредувајќи, се одбројуваат наназад од 6 до 1). Бројот на мајсторски степени е строго утврден со правилата на штабот на Аикикаи и изнесува 8. Повисоки степени од 8-от постојат, но таквите се доделени пред воспоставувањето на најновите правила во Аикикаи фондацијата.
МАФ – Аикикаи Македонија користи програми во кои има 6 ученички степени, по кои следат мајсторските степени од 1 до 8. Со полагање се достигнува до 4-от мајсторски степен. За 5-от и 6-от кандидатот бива предложен од техничката комисија во неговата федерација, а 7-от и 8-от се во дискреција на Аикикаи штабот во Јапонија. Детските степени се во надлежност на секој клуб поединечно.
Ученичките степени на јапонски се викаат КЈУ и не се означуваат со разнобојни појаси како што е тоа вообичаено во карате, туку за сето време додека не се достигне мајсторски степен се носи бел појас. По положувањето за првиот мајсторски степен (на јапонски ДАН), се носи црн појас и на облеката за вежбање т.е. на кимоното се додава и хакама – црни широки пантолони. Носителите на првиот КЈУ степен (највисокиот ученички степен) смеат да носат хакама само кога вежбаат во својот клуб, како припрема за следниот степен, но под неа секако носат бел појас. Исклучок од правилото за носење хакама во МАФ се прави со посебни дозволи.
Услови за полагање:
Неопходен услов за полагање на испит е одреден период активно вежбање и број на тренинзи по последниот испит, како и посетеност на семинари и летни школи | |||||
степен | број на потребни тренинзи по последниот испит | потребен период по последниот испит | посетени семинари | летни школи | такса |
6. KYU | 50 тренинзи | 5 месеци | 500 MKD | ||
5. KYU | 60 тренинзи | 6 месеци | 600 MKD | ||
4. KYU | 75 тренинзи | 7 месеци | 1 | 700 MKD | |
3. KYU | 100 тренинзи | 8 месеци | 1+ | 800 MKD | |
2. KYU | 110 тренинзи | 9 месеци | 1+ | 900 MKD | |
1. KYU | 160 тренинзи | 12 месеци | 1+ | 1 | 1.000 MKD |
1. DAN | 200 тренинзи | 14 месеци | 1+ | 1 | (Хомбу) |
2. DAN | / | 2 години | 2+ | 1 | (Хомбу) |
3. DAN | / | 3 години |
2+ | 1 | (Хомбу) |
4. DAN | / | 4 години |
2+ | 1 | (Хомбу) |
Програмата за полагање може да се преземе - тука.
Пријава за испит може да се преземе - тука.